Меѓународен фудбал Фудбал

61 гол и најголемото признание, Хари Кејн ја освои „Златната топка“

Англискиот напаѓач Хари Кејн е прогласен за освојувач на „Златната топка“ за 2026 година, откако зад себе остави извонредна сезона во дресот на Баерн Минхен. Голгетерот на германскиот шампион постигна дури 61 погодок во сите натпреварувања, играјќи значајна улога во успесите на баварскиот клуб.

Покрај престижното индивидуално признание, Кејн ја доби и европската „Златна копачка“, награда што дополнително ја потврдува неговата извонредна ефикасност пред противничките голови. По долгогодишните настапи на највисоко ниво, англискиот репрезентативец конечно стигна до едно од најголемите индивидуални признанија во светскиот фудбал.

Со овој успех, Кејн стана првиот англиски фудбалер по Мајкл Овен во 2001 година кој ја добил „Златната топка“. Наградата му ја врачи бразилската фудбалска легенда Роналдо, а во трката за признанието меѓу најсериозните ривали на Англичанецот беа Ламин Јамал и Килијан Мбапе.

Во женската конкуренција, признанието за најдобра фудбалерка ѝ припадна на Алексија Путелјас од Барселона. Пари Сен Жермен беше прогласен за најдобар машки тим, додека истото признание во женска конкуренција заврши кај каталонскиот гигант Барселона.

Добитници на наградите за 2026 година

  • Најдобар фудбалер: Хари Кејн (Баерн Минхен, Англија)
  • Најдобра фудбалерка: Алексија Путелјас (Барселона, Шпанија)
  • Најдобри стрелци: Хари Кејн (Баерн Минхен, Англија) и Чарлин Корал (Пачука, Мексико)
  • Најдобар млад фудбалер: Ламин Јамал (Барселона, Шпанија)
  • Најдобра млада фудбалерка: Вики Лопез (Барселона, Шпанија)
  • Најдобар тренер во машка конкуренција: Луис де ла Фуенте (Шпанија)
  • Најдобар тренер во женска конкуренција: Пере Ромеу (Барселона)
  • Најдобар голман: Унаи Симон (Атлетик Билбао, Шпанија)
  • Најдобра голманка: Ката Кољ (Барселона, Шпанија)
  • Најдобар машки тим: Пари Сен Жермен
  • Најдобар женски тим: Барселона
  • Награда „Сократес“: Букајо Сака (Арсенал, Англија)
Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.