Меѓународен фудбал Фудбал

За Рашфорд нема место во Барселона следната сезона

Раководството на Барселона донесе конечна одлука да не го откупи договорот на Маркус Рашфорд, и покрај неговите повеќе од солидни партии за време на едногодишната позајмица. Каталонскиот гигант реши да не ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра која беше договорена минатото лето, па така англискиот репрезентативец по завршувањето на сезоната ќе мора да се врати назад во Манчестер Јунајтед. Иакo рокот за активирање на оваа опција истекува следниот понеделник, шпанските медиуми пренесуваат дека одлуката на клубот е дефинитивна и тука нема да има никакви промени.

Главната причина за ваквиот радикален расплет лежи во доаѓањето на Ентони Гордон од Њукасл, трансфер во кој Барселона инвестираше огромни 70 милиони евра. Со ангажманот на Гордон, но и одличната форма на Бразилецот Рафиња, конкуренцијата во офанзивната линија стана премногу жестока, па стручниот штаб процени дека за Рашфорд едноставно веќе нема да има соодветна минутажа. Наводно, клучниот збор го имал тренерот Ханси Флик, кој смета дека Гордон многу подобро се вклопува во неговите тактички замисли. Германскиот стратег преферира агресивен пресинг врз противничката одбрана, сегмент во кој Гордон дава многу поголем дефанзивен придонес во споредба со Рашфорд.

Дополнителен фактор за ваквата одлука беа и годините на двајцата фудбалери, бидејќи напаѓачот на Јунајтед наесен полни 29 години, додека Гордон е три години помлад и претставува далеку подобра долгорочна инвестиција за иднината.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.