Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Столе: Од секогаш сум сакал да бранам за голем тим како Валенсија!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и дефинитивно ќе ја продолжи својата кариера во шпанскиот великан Валенсија откако клупското раководство денеска официјално потврди дека ја искористило опцијата за продолжување на соработката за дополнителни две сезони. Иако, почетниот период од осумнаесет месеци на Местаља беше исклучително комплициран и проследен со мала минутажа, работите комплетно се свртеа во негова корист во последните пет месеци кога со серија брилијантни интервенции се промовираше во незаменлив прв чувар на мрежата кај лилјаците.

Ваквиот импресивен развој на настаните ги натера челниците на Валенсија експресно да реагираат и да ја активираат клаузулата во договорот, а по повод новата верност македонскиот голман не го криеше своето огромно задоволство потенцирајќи дека уште од неговото пристигнување на Пиринеите имал сон да брани за фудбалски гигант. Димитриевски додаде дека е целосно свесен за историската тежина и големина на Валенсија како клуб, за извонредните луѓе кои работат во него, но и за неверојатната поддршка која доаѓа од фанатичните навивачи, па затоа се чувствува како привилегиран и пресреќен човек што ќе продолжи да ужива во оваа прекрасна спортска приказна уште долг период.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.