Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Охрид на чекор до историја: Татабања мора да падне!

Ракометарите на Охрид вечерва се пред најважниот предизвик во клупската историја. Тие во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп ја пречекуваат унгарска Татабања. Нашите ракометари ја бранат минималната предност стекната на првиот дуел на гостински терен.

Македонскиот тим во Унгарија одигра брилијантен меч и во одредени моменти водеше со дури и со шест голови предност. Домаќинот на крајот некако се спаси, но Охрид сепак славеше со големи 29:28. Овој триумф носи огромен мотив за избраниците на Борис Ројевиќ пред вечерашниот спектакл.

Атмосферата во охридскиот табор е на највисоко ниво, а играчите се максимално мотивирани за голема борба. Од друга страна, Татабања важеше за главен фаворит за трофејот уште од самиот почеток на сезоната. Сепак, унгарскиот тим наиде на храбар противник кој покажа дека има квалитет за самиот врв.

Сè е подготвено за невиден ракометен лудница во Охрид. Преполната сала е подготвена да ја прослави првата историска европска титула за охридскиот спорт.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.