Меѓународен фудбал Фудбал

40-годишниот Муслера го сруши Фламенго: Естудијантес закажа финале со Палмеирас (ВИДЕО)

Естудијантес и Палмеирас ќе бидат финалисти во овогодишното издание на Копа Либертадорес, откако го дознаа епилогот од драматичните полуфинални пресметки.

Аргентинскиот состав го приреди најголемото изненадување со елиминацијата на актуелниот владетел на Јужна Америка, бразилски Фламенго. По два меча без голови (0:0), апсолутен јунак на тимот од Ла Плата беше 40-годишниот уругвајски голман Фернандо Муслера. Ветеранот блесна во пенал-серијата одбранувајќи ги ударците на Жоржињо, Пакета и Енрике, со што му донесе победа на својот тим од 3:2 и билет за мечот за титула.

Во финалето, Естудијантес ќе ги одмери силите со Палмеирас, кој во бразилската пресметка го елиминираше Флуминенсе. Иако тимот од Сао Паоло загуби на вториот дуел со 1:0, убедливиот триумф од 3:0 на првата средба беше повеќе од доволен за пласман понатаму.

Естудијантес ја брка својата прва титула во Копа Либертадорес по 2009 година, со намера да ја прекине доминацијата на бразилските екипи кои ги освоија последните седум латиноамерикански трофеи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.