Екипата на Валенсија оствари злато вредна победа од 1:0 на едно од најтешките гостувања во Шпанија кај Атлетик Билбао, а централна фигура на мечот беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Нашиот голман блесна со фантастична интервенција во клучните моменти, со што директно го сочува водството и покажа зошто е еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига оваа сезона.
Иако „лилјаците“ можеа да имаат поубедлива предност доколку Дуро не промашеше пенал во првиот дел, победничкиот гол на Садик во 72-та минута беше доволен за големи три бода. Со овој триумф Валенсија направи огромен чекор кон обезбедување на опстанокот, искачувајќи се на 12-тата позиција на табелата. Веќе во следното коло на 14 мај, за Димитриевски следи емотивен дуел, бидејќи на домашен терен ќе го пречека својот поранешен клуб Рајо Ваљекано.

