Младиот бразилски репрезентативец Рајан го привлече вниманието на Светското првенство, не само со својата игра, туку и со историскиот подвиг што го оствари во победата од 3:0 против Шкотска. Деветнаесетгодишното крило асистираше за првиот гол на Винисиус Жуниор и стана најмладиот бразилски фудбалер со асистенција на Мундијал уште од времето на Пеле во 1958 година. Воедно, тој е само шестиот тинејџер кој започнал натпревар како стартер за „Селесао“ на Светско првенство.
По натпреварот, Рајан беше запрашан кого го смета за најопасен играч на Јапонија, следниот противник на Бразил. Неговиот искрен одговор ги изненади присутните.
„Во моментов не знам кој е нивниот најдобар играч. Прво треба да ги анализираме снимките, па ќе можам да одговорам“, изјави со насмевка младиот офанзивец.
Рајан, кој настапува за Борнмут, ја доби шансата по повредата на Рафиња и целосно ја оправда довербата на селекторот Карло Анчелоти. Тој откри дека италијанскиот стратег бара агресивен пресинг уште од напаѓачите и нагласи дека против Јапонија нема простор за опуштање.
Бразил и Јапонија ќе се соочат на 29 јуни, а победникот ќе продолжи во осминафиналето против подобриот од дуелот Норвешка – Зеленортска Република.

