Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

1,075 милиони евра за Шкендија од Европа, Вардар и Силекс со помалку!

Шкендија го заврши европското патување за оваа сезона во третото квалификациско коло од Конференциската лига, а раната елиминација се одрази и врз приходите на тетовскиот клуб. „Црвено-црните“ ова лето од настапите во европските натпреварувања инкасираа 1,075 милиони евра, сума која е идентична со заработката на Динамо Киев. Во друштво на клубовите со исти приходи се и Бохемијанс, Динамо Минск и РФС Рига.

Сепак, за Шкендија ова претставува значителен пад во однос на минатата сезона. Тетовци тогаш имаа многу подолга европска авантура, успеаја да стигнат до нокаут-фазата на Конференциската лига и дочекаа европска пролет, што значително ги зголеми и финансиските приходи од УЕФА. Овојпат патот заврши уште во квалификациската фаза, па разликата во заработката е очекувана последица на пократкиот престој во европското натпреварување.

Шкендија, сепак, остана најуспешниот македонски клуб според приходите од Европа ова лето. Вардар од своите настапи заработи 960.000 евра, додека Силекс ќе инкасира 325.000 евра. Така, трите македонски претставници сезонава заедно заработија 2,36 милиони евра од европските настапи, но без ниту еден клуб да успее да стигне до фазата во која Шкендија играше минатата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.